(Видео) Австралиски „диносауруски дрвја“ спасени во тајна пожарникарска акција

15.01.2020
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
(Видео) Австралиски „диносауруски дрвја“ спасени во тајна пожарникарска акција

Специјалната австралиска противпожарна служба со огромни напори успеала да го спаси единственото познато природно живеалиште на борови волеми од уништувачките пожари.

Националниот парк „Волеми“ се наоѓа во Нов Јужен Велс и ги содржи единствените познати диви примероци на борови волеми (Wollemia nobilis), вид за кој се смета дека исчезнал пред околу триесет милиони години, но повторно бил откриен во 1994 година во областа.

Мисијата за спасување вклучувала авиони, хеликоптери и специјални противпожарни единици, пренесува „Сидни морнинг хералд“.

„Изгледаше како воена операција. Немавме друг избор. Моравме да ги преземеме сите можни мерки. Националниот парк Волеми е единственото место во светот каде што се наоѓаат околу 200 од овие дрвја“, рече Мет Киан, австралиски министер за животна средина и енергија.

Иако изгорел голем дел од националниот парк „Волеми“, специјалните противпожарни единици сепак успеале да го спасат подрачјето каде што се наоѓаат познатите „диносауруски дрвја“.

извор: Makfax

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата