Играчот од средниот ред на Милан, Сусо, е мета на низа клубови од Ла Лига, а Атлетико Мадрид и Севиља се најновите во редот за крилниот играч.

„Росонерите“ веќе добиле понуди од Валенсија и Хетафе, а доцна синоќа стигнале и нови од Атлетико (М) и Севиља.

Тоа сериозно ја зголемува можност Сусо да се врати дома уште оваа зима. Неговиот агент Мино Рајола, наводно, веќе сериозно е во преговори со неколку од интересентите за личните услови од договорот на Сусо.

Крилниот играч има одиграно 16 натпревари за Милан во Серија А оваа сезонаи постигна еден гол. 26-годишниот фудбалер е критикуван за неговите настапи и беше оставен на клупата за време на победата од 2:0 против Каљари минатиот викенд.