Македонската ракометна репрезентација вечерва се враќа во Скопје. Како за беља по вчерашниот пораз од Австрија и елиминацијата на Европското првенство кое најверојатно ќе го завршиме или на 14-то или на 15-место, цел ден ќе мора да го преседат во Виена, град кој се чини никој нема да го памети по убави нешта.

Експедицијата тргнува во 19:30 часот кон нашиот главен град со директен лет. Секако голем дел од нив веднаш ќе продолжат кон градовите за чии клубови настапуваат.