Меркел на удар на медиумите поради средбата со Путин

15.01.2020
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Меркел на удар на медиумите поради средбата со Путин

Германските медиуми распалија по канцеларката Ангела Меркел поради нејзината средба со рускиот претседател Владимир Путин.

Московскиот дописник за весникот „Зидојче цајтунг“, еден ден по средбата меѓу Путин и Меркел, одржана на 11 јануари, објави текст за претседателот Путин, во кој се наведува дека рускиот претседател на сила го постигнал она што го сакал одамна, додавајќи дека е страшно и тоа што Кремељ влијае, но одбива да преземе одговорност, пренесе Спутник.

Од друга страна, германскиот весник „Билд“ ја критикуваше „слабата канцеларка“, која „моли“ и која на ништо не се спротивставила на „агресорот“.

Според поранешниот главен уредник на порталот „Ханделсблат“, а моментално сопственик на новиот ресурс „Медија пионир“, Габор Штајнгарт, со жалење констатирал дека сојузништвото и пријателството кое се пренесува со генерации, исчезнува, бидејќи Меркел почнала да маневрира меѓу Западот и Истокот.

Германскиот весник „Цајт“ го критикуваше средчниот тон од средбата меѓу Меркел и Путин, како и „неочекуваното“ истакнување на заеднички точки и пофалниот говор на Меркел за активностите на Путин и турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган во Сирија и Либија.

извор: Makfax

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата