Ѕвездата на ПСЖ и на бразилскиот фудбал, Нејмар, има нова девојка. Според тврдењето на таблоидите, Бразилецот е во врска со рускиот модел Kатерина Сафарова.
Според извори на жолтиот печат, двојката е во тајна врска која ја чува од очите на јавноста. Тие тврдат дека се само пријатели, но тука очигледно има и нешто повеќе.
Kатерина била во Париз за неговиот роденден, а исто така објавила и неколку заеднички фотографии.