27 лица уапсени за земјотресите во Албанија, ЗАРАДИ НЕПОЧИТУВАЊЕ НА ПРОПИСИТЕ ПРИ ГРАДБА НА ЗГРАДИ

15.01.2020
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
27 лица уапсени за земјотресите во Албанија, ЗАРАДИ НЕПОЧИТУВАЊЕ НА ПРОПИСИТЕ ПРИ ГРАДБА НА ЗГРАДИ

Албанските обвинители издадоа потерници за 38 лица заради непочитување на прописи при градба на згради што придонесе за уривања и оштетувања во Тирана и околните општини во земјотресот од 26 ноември.

ТВ „Клан“ објави, дека во голема полициска акција 27 од лицата се веќе приведени, и оти е во потрага по останатите 11.

Меѓу нив има општински службеници, локални лидери и инженери, осомничени за фалсификување документи и издавање дозволи за нестабилни згради. Меѓу уапсените има и тројца поранешни градоначалници.

Тирана претрпе големи штети во земјотресот на 26 ноември. Уништувањето беше многу поголемо во близина на епицентарот на брегот на Јадранското Море, претежно во градовите Драч и Туман а 51 лица загина во урнатите згради.

Слична акција неодамна беше преземена и во Драч, каде беа уапсени 18 лица,но пола од нив беа ослободени

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата