„Њујорк тајмс“ го надмина бројот од пет милиони претплатници

15.01.2020
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
„Њујорк тајмс“ го надмина бројот од пет милиони претплатници

Весникот „Њујорк тајмс“ ја надмина границата од пет милиони претплатници благодарение на зголемениот број на онлајн претплатници.

Во 2019 година весникот доби дополнителни милион претплатници само на своето интернет издание, што е рекорд за „Њујорк тајмс“ кој почна со онлајн претплата во 2011 година.

Дневникот сега има 3,4 милиони претплатници само за своето интернет издание, речиси 900.000 на печатеното издание, а остатокот доаѓа од специјализираните производи како платформата за готвење „Њујорк тајмс Кукинг“ и платформата за крстозборки „Њујорк тајмс кросворд“.

Целта на групацијата е да достигне десет милиони претплатници до 2025 година од кои два милиони во странство.

„Њујорк тајмс“, исто така, објави дека ја достигна целта од 800 милиони долари обрт за интернет изданието, една година пред планираното.

извор: Makfax

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата