Денеска нова доза на натпревари во ФА купот на Англија и во Купот на Италија. Се играат и натпревари од француското првенство. Ова се нашите предлози за типување.
ФА КУП
КАРЛАЈЛ (4)
КАРДИФ (2)
Зад Кардиф се неколку тешки натпревари, меѓу кои и велшкото дерби со Свонси одигран во недела (0:0), но ни на Карлајл не беше лесно (мислиме на саботниот пораз од 3:0 против Плимут). Поради тоа ви препорачуваме двојка.
ИТАЛИЈА – Куп (осминафинале)
ФИОРЕНТИНА
АТАЛАНТА
Аталанта е поквалитетна и е во подобра форма, знае да се носи и со многу посилни екипи од Фиорентина. Вистина, традицијата е на страната на „Виола“, но тоа сега нема некоја тежина. Веруваме во двојка, но ако се сомневаме пробајте ГГ3+.
МИЛАН
СПАЛ
Милан минатиот викенд конечно забележи добар резултат, со гол на Златан Ибрахимовиќ, и сега во многу подобро расположение го дочекува дуелот со една од најслабите екипи во Серија А. Воопшто немаме дилеми, единицата е единствен реален исход.
ЈУВЕНТУС
УДИНЕЗЕ
Удинезе во последно време одигра неколку добри партии, но тоа не е доволно за да може да се надева на нешто против „Старата дама“, без оглед на тоа што на домаќинот приоритет му се другите натпреварувања. Типуваме на единица и 1&2-3.
ФРАНЦИЈА 1
АМИЕН
РЕМС
Ремс, кој игра убедливо најтврд фудбал во елитата е еден од бројните кандидати за излез на меѓународната сцена. Амбициите на Амиен се врзани за опстанок, па логиката вели дека треба да заборавите и на головите, и на единицата (КМБ Х2&0-3).
НИМ
РЕН
Тука ситуацијата е слична како и кај претходниот пар, со тоа што Рен нема да отстапи од трката за Лигата на шампионите, а формата му дава право да се надева на тоа. Секако, Ним нема однапред да се предаде, поради што покрај двојката предлагаме и КМБ Х2&ГГ.
МОНАКО
ПСЖ
Во сплет на околности, ова е втор дуел помеѓу „кнезовите“ и „светците“ во четири дена. Монако во неделата оддолеа на „Паркот на принцовите“ (3:3), но се сомневаме дека има доволно сила повторно да го изненади шампионот. Сметаме на двојка со 1ВГ 2+, но и на ГГ.