Вест на денот, на неделата па и на месецот во Србија е таа што Мајкл Мелоун, првиот тренер на Денвер Нагетс, тренер на Никола Јокиќ, ќе биде во стручниот штаб на кошаркарската селекција на нашиот северен сосед. Мелоун, кој важи за еден од најдобрите стратези во светот, ќе му биде помошник или асистент на Игор Кокошков на предолимпискиот турнир во Белград. Веднаш по завршувањето на сезоната во НБА, Мелоун ќе му се приклучи на Кокошков.

Ова може да значи само едно. А тоа е дека Никола Јокиќ, најдобриот српски кошаркар и еден од најдобрите центри во НБА, има намера и натаму да игра за својата селекција. Мелоун го „извади“ она најдоброто од Јокиќ досега, па така неговото присуство во селекцијата на Србија покрај Јокиќ ќе биде екстра позитивно за селекторот Кокошков.