Познатата манекенка Амбер Валета (45), поранешно заштитно лице на модната куќа „Армани“, во својата исповед за „Нет-а-портер“ зборуваше за зависноста од алкохол и наркотични средства. Оваа убавица гордо изјави дека е трезна веќе 25 години.

„Ако земам (алкохолен) пијалак или дрога, ќе бидам мртва. Ќе уништам сè“, рече Амбер додавајќи: „Само ако останам трезна, имам шанса да преживеам“.

Таа вели дека првпат се сретнала со дрогата кога имала 10 години, а на 18-годишна возраст почнала да зема кокаин.

Амбер Валета стана популарна во 90-тите години и имаше одлична врска со колешките Кејт Мос и Шалом Харлоу.

„Се боревме една за друга, плачевме заедно, се поддржувавме“, рече Амбер, која откри дека го мрази сегашното време на селфиња.

извор: Makfax

Најчитани вести