Чулев: Бадијала Заев му подари фотеља на Спасовски, ВРАЌАЈ ГИ КОЛИТЕ!

14.01.2020
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Чулев: Бадијала Заев му подари фотеља на Спасовски, ВРАЌАЈ ГИ КОЛИТЕ!

Целата работа околу начинот и условите на користење на службените возила на МВР се сведува на фактот што истите беа несоодветно и непрофесионално користени. Тоа е имот кој им припаѓа на граѓаните и треба да им служи на граѓаните, а не за приватни и било какви партиски потреби.

Зад целата прашина околу овој случај се надзира потребата да се проблематизираат изборите, и нивното оддржување, нешто што јас нема да го дозволам со сиот мој капацитет и капацитетот на институцијата со која раководам, порачува Наќе Чулев, министер за внатрешни работи во техничката Влада.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата