Маја Оџаклиевска го батали пеењето и открива како живее после 12 брака

14.01.2020
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Маја Оџаклиевска го батали пеењето и открива како живее после 12 брака

Маја Оџаклиевска микрофонот и пеењето ги „држи“ само во спомените веќе со години. Единствената работа на која и е посветена е семејство и внукот Лука, кому му е дијагностициран аутизам.

„Лука е аутистичен, не зборува и јас целосно му се посветив“, рекла во една прилика пејачката која живее со пензија од 33 000 динари. 

„Не можам многу да му овозможам на Лука со оваа пензија, но тој е разумен. Не е бесно дете и разбира кога ќе му кажам дека баба нема пари“, вели Маја која во една прилика открила дека била во брак дури 12 пати.

„Имав 12 таканаречени брака. Кога ќе дојде оној момент кога ќе почне досадувањето и однесувањето кое не ми се допаѓа се пакувам и велам 'чао' и нов брак. Мајка ми велеше 'еден појде, друг дојде'“, раскажала Маја во една емисија.   

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата