Сообраќајот на државнита патишта се одвива тековно по претежно влажни коловози. Намалена видливост поради појава на магла до 50 метри има на патниот правец Тетово - с. Гајре, Павлешници, планински превои Пресека, видливост до 100 метри има Штип, Ресен, Велес-Кула, Страцин, К.Паланка и планинските превои Плетвар, Стража и Пресека.
ЈП Македонија пат апелира на внимателно возење и прилагодување на брзината спрема условите на патот.
Дежурните екипи на ЈП МАКЕДОНИЈАПАТ се постојано на терен и ги одржуваат сите патни правци проодни. За сите подетални информации јавете се на нашиот дежурен телефон 02/ 25 61 502 или посетете ја нашата веб страница www.makedonijapat.com.mк, велат од ЈП Македонија пат .