Идентификувани 100 лица од соборениот патнички авион

14.01.2020
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Идентификувани 100 лица од соборениот патнички авион

Досега се идентификувани 100 луѓе од соборениот украински патнички авион во Иран, соопшти шефот на Обвинителството во Техеран, Мохамад Шариари.

Тој рече дека жртвите биле идентификувани благодарение на неуморните напори на нивните колеги и форензичарите, а телата на 30 жртви се предадени на нивните семејства.

Шариари најави дека продолжува процесот на идентификација на жртвите и очекува да биде завршен до крајот на неделата.

Иранската армија призна дека ненамерно го соборил украинскиот авион пришто загинаа 167 патници и членови на екипажот.

извор: Makfax

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата