Фудбалерите на Шкупи веќе неколку денови тренираат на ФФМ, и тоа поради проблеми со теренот на својот стадион Чаир. На ФФМ чаирчани и ќе ги одиграат првите две пријателски натпревари оваа зима, потоа следува планираното заминување во Анталија.

Па така четата на стратегот Ќатип Османи на 16 јануари, на теренот на ФФМ, ќе ги одмери силите со екипата на Фљамуртари и тоа со почеток од 13 часот. Три дена подоцна ривал ќе биде екипата на Дрита Гњилане, исто така од Косово, а овој натпревар на ФФМ ќе почне во 13.30 часот.