Во 2019 година во Грција се родени 86.440 деца, а во исто време починале 119.446 лица, со што се намалила популацијата на земјата за 33.006 лица.

Според податоците на АНА-МПА од вкупното население во Грција, 51,4 проценти се жени, додека 48,6 проценти се мажи.

Шест од десет Грци се на возраст меѓу 15 и 64 години, или 63,6 проценти од населението.

Поголемиот дел од населението на земјата, односно една третина или околу 3,5 милиони, живеат во областа Атика, ширум подрачјето на Атина.

Во однос на миграцијата, во текот на 2019 година, во Грција дошле 119.489 лица, додека 103.049 ја напуштиле земјата.

извор: Makfax

Најчитани вести