Селекторот на Австрија, Словенецот Алеш Пајовиќ вели дека на Македонија гледа како на фаворит во групата Б во Виена и дека дури и се изненадил дека сме загубиле од Чешка. Тој смета дека како и на останатите дуели, така и овој победникот ќе се решава во финишот.

„Да ја победеше Македонија Чешка, ќе беше многу полесно денеска, и за нас и за нив. Но, се гледа колку е оваа група интересна. Ќе биде тешко до крај, но играме дома, тоа досега максимално го искористивме. За мене Македонија е фаворит, дури се изненадив дека Чешка ја победи. Со Кирил Лазаров на чело, имаат квалитетен тим, играат балкански ракомет со агресивна одбрана… Сите натпревари досега се решаваа во самиот финиш, верувам дека и денеска ќе биде така“, вели селекторот на Австрија, Алеш Пајович.