Skip to main content
x

14 Jan 2020 - 16:40
redakcija
Статија

Фудбалската Федерација на Македонија, поднела кривична пријава против Олгица Младеновска, инаку раководител на финансискиот сектор во ФФМ, и тоа поради сомнеж дека сторила финансиски малверзации. Тоа, според челниците од Федерацијата, Младеновска го правела веќе подолго време.

Оваа вест ни ја потврди и претседателот на ФФМ Муамед Сејдини.

„Точно е тоа дека против таа особа е поднесена кривична пријава од наша страна и тоа поради сомнеж дека сторила финансиски криминал. Секако дека во корист на истрагата не сакам да откривам детали, сега случајот е во рацете на надлежните служби во државата. Јас како прв човек на Федерацијата сакам да нагласам дека извесно време се сомневав дека таа особа го прави тоа што го правела. Но на 10 октомври минатата година се уверив лично, и затоа го известив обвинителството. Па сега цеклиот случај е во негови раце. Парите што таа особа ги проневерила не се малку, за точна сума не можам да зборувам. Секако дека за целиот овој случај ги известив првите луѓе на ФИФА и УЕФА Инфантино и Чеферин, нив им ја кажав и сумата која ние сметаме дека е проневерена. Јас лично се сомневам дека таа тоа го правела веќе подолго време, и кога биле други пред мене на чело на ФФМ, но тоа треба да се докаже, не сум јас тој кој што тоа треба да го кажува. Ветив дека ФФМ ќе работи транспарентно, и тоа го исполнувам. Против било кого исто ќе постапам или постапиме, ако се посомневаме дека сторил било каква малверзација или криминал. Понатаму не е наша работа“ истакна претседателот Сејдини.

sportmedia.mk

Најчитани вести