Струга Трим Лум – Влазнија Сакадар 0:2. Тоа е епилогот од првиот зимски пријателски натпревар на нашиот прволигаш. Мечот се одигра попладнево во Охрид, а тимот од Албанија, чиј тренер е Мирсад Јонуз, победи со постигнати голови по еден во двете полувремиња. Да кажеме дека за Влазнија настапиле двете засилувања Адили и Христов, а врз овој вториот бил направен пенал по кого гостите постигнале гол во првиот дел.

„Иако загубивме јас сум задоволен од тоа што го видов денеска на теренот во Охрид. Да не заборавиме дека противникот за една недела ќе стартува во првенството во Албанија, па затоа и е во подобра форма, што е и нормално. За прв меч мислам дека добро одигравме, задоволен сум од ангажманот, од тоа како се трчаше и колкава беше желбата. Головите ги примивме по наши грешки. Им дадов шанса речиси на сите играчи да одиграат по едно полувреме“ изјави за СПОРТМЕДА Јетон Беќири, шефот на струката на Струга Трим Лум.