УЕФА денеска, според својата статистика, објави листа на играчите кои во изминатиот дел од Лигата на Шампионите, имале најмногу и најпрезцизни додавања. Односно кои се пас-мајсторите во ова елитно клупско натпреварување.

Па така статистиката вели дека Марко Верати, фудбалерот на ПСЖ имал од 469 допири со топката, имал дури 439 успешни додавања, а тоа е 94% успешност. Меѓу првите пет се и Родри (Манчестер Сити), Тони Крос (Реал Мадрид), Миралем Пјаниќ (Јувентус) и Илкаи Гундоган (Манчестер Сити).