Остоја Стјепановиќ, фудбалер и поранешен репрезентативец, состави добитен тикет во рамки на Mozzart акцијата „Хуманитарен тикет за викенд“, а добивката од речиси 100.000 денари, или поточно 99.386 денари, ја намени за Ј.У. Детски дом „11 Октомври“ во Скопје.

MOZZART Македонија пред извесно време се приклучи кон хуманитарната кампања која Mozzart Србија со години наназад успешно ја реализира: Хуманитарен тикет – познатите прогнозираат за хумана цел. Наши познати спортисти и познати личности секој петок пополнуваат хуманитарни тикети, а на секој учесник од оваа хуманитарна кампања, компанијата Mozzart одобрува износ од 3.000 денари за составување на тикетот. Целата потенцијална добивка оди во хуманитарни цели, по избор на типувачот.

Остоја, кој за жал не можеше лично да присуствува заради професионални ангажмани надвор од државата, вели:
„Пресреќен сум што ја имав честа да бидам првиот со добитен тикет, а добивката да ја насочам во хуманитарни цели, во Ј.У. Детски дом „11 Октомври“ во Скопје. Ја поздравувам кампањата на Mozzart и уште еднаш се заблагодарувам што овозможија да бидам дел од оваа акција.“ – изјави фудбалерот.

Голема благодарност изразија од Ј.У. Детскиот дом „11 Октомври“ –

„Во името на целата Установа и нашите корисници изразуваме голема благодарност до Mozzart за хуманиот гест и паричните средства наменети како донација, кои ќе бидат искористени за потреби на корисниците во делот на реализирање на дополнителни активности.“

Откако ја започнавме оваа кампања – Хуманитарен тикет за викенд, ова е првиот добитен, а се надеваме дека е само почеток на една голема донаторска акција во која ќе се донираат што повеќе средства онаму каде што е најпотребно.