АППТ очекува значаен раст на израелски туристи за 2020 година

14.01.2020
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
АППТ очекува значаен раст на израелски туристи за 2020 година

Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот АППТ, по саемот во Лондон денес на состанок со израелската авиокомпанија ISRAIR повторно го актуелизираше постоечкиот интерес за отпочнување на директна линија на релација Тел Авив – Скопје – Тел Авив. На денешниот состанок со претставници од компанијата се договараа детали за отпочнување на соработката оваа сезона со два лета неделно, по што се очекува соработката и понатаму да се развива и бројот на летови и гости од Израел да расте во текот на годините.

Со оглед на заинтересиранотста на израелската авиокомпанија ISRAIR, директниот лет од Тел Авив до Скопје се планира да почне да оперира кон крајот на месец мај и целта е покрај аранжманите од 3,4 и 5 дена за РС Македонија, летот да е достапен и за сите слободни патувачи од Израел кои сакаат да ја посетат државава, со главен фокус “сити брејк” и тенденција за оддржливост на линијата во текот на целата година.

Денешниот состанок е резултат на неколкумесечните средби и преговори со израелската авиокомпанија ISRAIR, кои иницијално се започнаа за време на интернационалниот саем WTM во Лондон при крајот на минатата година, а продолжија со нивна посета на државава, по што следеше најавата за директна, наместо чартер линија.

Бројот на туристи од Израел во текот на последните неколку години е во постојан раст. Бројот на туристи во првите 11 месеци од 2019 година е за 16% поголем од бројот на туристи за истиот период во 2018 година, а трендот е ист и кога е во прашање бројот на ноќавања, односно тие растат за 19,3% согласно месец ноември 2019та година, во споредба со истиот период 2018 година. Вкупниот пораст на странски туристи согласно месец ноември 2019 година е зголемен за 6,8% споредбено со лани, додека бројот на ноќевања се за 5,7% поголеми во 2019 година во споредба со истиот број во 2018 година.

извор: Makfax

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата