Трето коло, трета среќа и главната премија – пласман во главна фаза за Македонија! Втората победа во групната фаза во Виена ја бараме против домаќинот Австрија, попладнево (18:15 часот).

Ко-организаторот на ЕП практично е во продолжението од континенталниот собир, додека ние бркаме победа од два гола за да се најдеме во следната рунда. Тешка мисија, но не и невозможна!

На крајот на краиштата, на ЕП сме, тука нема лесно. Го знаат тоа нашите репрезентативци, го знае и Австрија, а го знае и „Фалангата“ која на трибините ќе го остави последниот звук од гласните жици, исто како што ракометарите ќе го оставијат последниот атом на сила.

Кој ги знае ракометарите, знае и дека се најсилни кога е најтешко, дека ќе тепаат, ќе се борат, ќе „гризаат“ до крај, затоа што Виена треба уште да не гледа.

Ништо не е готово, напротив! Денеска е само првиот ден од она што следи за Македонија на ова ЕП…

Момци, журката нека почне!