СЕ ЗАПАЛИ РЕСТОРАН ВО СКОПЈЕ, пожарот зафатил и камион паркиран до него

14.01.2020
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
СЕ ЗАПАЛИ РЕСТОРАН ВО СКОПЈЕ, пожарот зафатил и камион паркиран до него

Се запали ресторан во скопски Бутел, а пламенот се проширил и на камион кој бил паркиран до ресторанот, за среќа нема повредени.

МВР информира дека  опожарен е угостителски објект во Бутел, на улицата „Томе Пуре“, сопственост на А.С., како и товарно возило „рено мастер“, сопственост на Н.С.(52) од Скопје, кое било паркирано во непосредна близина.

Како што соопшти МВР, случајот е пријавен ноќеска, во 01:15 часот. Со пожарот бил зафатен задниот дел од објектот во кој имало повеќе стари гуми од возила, кровната конструкција и помошната просторија.

Пожарот бил локализиран од екипа на Противпожарната бригада Скопје, повредени лица нема, а извршен е и увид.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата