Усвоена е жалбата на Ц. Звезда. Белградскиот кошаркарски клуб добро мина откако се жалеше на одлуката на првостепената комисија на АБА откако не го одигра мечот во Подгорица.

Казната беше 20.000 евра, сега таа се намалува на 15.000 евра, одземениот бод и се враќа на Ц. Звезда. Со оваа нова одлука се остава простор да се одигра тој меч кој беше откажан откако белградските „црвено – бели“ не отпатуваа во Ц. Гора, како што велеа самитем поради фактот дека безбедноста не им е загарантирана.