(Вознемирувачкo видео) Разбеснета толпа луѓе врзале педофил и жив го запалиле затоа што силувал и убил девојче

14.01.2020
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
(Вознемирувачкo видео) Разбеснета толпа луѓе врзале педофил и жив го запалиле затоа што силувал и убил девојче

Група жители од село во Мексико запалиле педофил кој бил обвинет за силување и убиство на шестгодишно девојче.

Локалните медиуми објавија дека Алфредо Роблеро бил претепан, а потоа бил полиен со бензин и запален во едно мало село во мексиканската држава Чиапас.

Роблеро бил обвинет за силување и убиство на девојчето Џарид, чие исчезнување било пријавено во четвртокот.

Нејзиното тело било пронајдено покрај патот во следните неколку дена, пишува „Дејли мејл“.

Вознемирувачката снимка ги прикажува луѓето кои го опколиле Роблеро, кој бил врзан, додека некои го снимале со телефон.

извор: Makfax

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата