Сопругата на Шабан Шаулиќ не верува дека Левент починал – ОЧЕКУВА СУДОТ ДА ГО ПРОНАЈДЕ И ОСУДИ МАКСИМАЛНО

14.01.2020
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Сопругата на Шабан Шаулиќ не верува дека Левент починал – ОЧЕКУВА СУДОТ ДА ГО ПРОНАЈДЕ И ОСУДИ МАКСИМАЛНО

Вдовицата на починатата фолк легенда Шабан Шаулиќ, одговори на написите во медиумите дека турскиот државјанин кој ја предизвика несреќата во која загина пејачот, бил убиен.

Гоца Шаулиќ тврди дека судот во Германија знае каде е Алсин Левен, виновник за сообраќајната несреќа во која го загуби животот Шабан Шаулиќ.

Таа одговори на написите во медиумите дека Левент исчезна од градот Гиттерло, каде го чекаше судењето.

„Верувам во судскиот систем на Германија. Судските власти се добро запознаени со неговото место каде се наоѓа“, рече Шаулиќ и додаде:

Ние сме во контакт со обвинителството и имаме информации дека судењето треба да започне. Секако, требаше да се суди пред многу време, но важно е тоа да се случи. Очекувам да добие максимална казна според тамошните закони".

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата