Франција, Велика Британија и Германија ќе покренат механизам за спорови поради Иран

14.01.2020
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Франција, Велика Британија и Германија ќе покренат механизам за спорови поради Иран

Франција, Велика Британија и Германија планираат да покренат механизам за решавање на спорови во рамки на иранскиот нуклеарен договор, откако Техеран повторно го прекрши истиот, пренесува Ројтерс, повикувајќи се на двајца неименувани европски дипломати.

Тие рекле дека целта на одлуката е да се сочува договорот така што со Иран ќе се разговара за тоа што таа земја би требало да направи за да ја промени одлуката која е донесена.

Како што нагласиле дипломатите, целта не е повторно воведување санкции од страна на ЕУ. Лидерите на трите држави рекле во соопштение дека се оставени без избор, со оглед на иранската акција. Групата вели дека го упатила ова прашање на Заедничката комисија во согласност со механизмот за решавање спорови, како што е наведено во нуклеарниот договор.

„Нашата цел е јасна: Сакаме да го сочуваме договорот и да дојдеме до дипломатско решение во рамки на договорот“ рекол германскиот министер за надворешни работи, Хајко Мас.

извор: Makfax

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата