Претходно осудуван насилник од Чашка пијан се обидел да силува жена од Негорци

14.01.2020
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Претходно осудуван насилник од Чашка пијан се обидел да силува жена од Негорци

Гевгелиското основното јавно обвинителство поведе истрага против жител на селото Мелница во општина Чашка, кој пијан се обидел да силува жена од Негорци.

Настанот се случил на 12 јануари откако осомничениот се опил со 1,66 промили алкохол во крвта и отишол во домот на жената кажувајќи и дека сака да ја земе за жена нејзината ќерка.

Жената го одбила, по што тој ја нападнал, обидувајќи се да ја соблече и да ја принуди на обљуба. Таа се бранела, обидувајќи се да го оттурне и да повика помош, но осомничениот ја совладал, удирајќи ја и нанесувајќи и повреди на главата и телото.

Нејзините повиците за помош ги слушнале двајца соседи кои дотрчале и му се заканиле на осомничениот дека ќе повикаат полиција, по што тој избегал.

Во меѓувреме човекот е уапсен и се товари дека се обидел да стори кривично дело силување.

Осомничениот претходно е осудуван за повеќе кривични дела, меѓу кои и за полов напад врз дете кое не наполнило 14 години, а кое претставува истородно кривично дело со она за кое се гони во конкретниот случај.

Имајќи го предвид тој факт, како и ценејќи ги сите други околности кои упатуваат на страв дека осомничениот би можел да го повтори поведението, надлежниот јавен обвинител до Основниот кривичен суд во Гевгелија доставил предлог за определување притвор.

 

 

извор: Makfax

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата