Иранскиот генерал Сулејмани војувал во Босна

14.01.2020
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Иранскиот генерал Сулејмани војувал во Босна

Бошњачкиот член на Претседателството на Босна и Херцеговина, Шефик Џаферовиќ, за време на граѓанската војна во БиХ, како началник на Центарот за безбедност на Зеница, се сретнал со неодамна убиениот ирански генерал Касем Сулејмани.

Сулејмани војувал против Србите во БиХ, а неговите припадници на Иранската револуционарна гарда (ИРГЦ) ги извршиле најмонструозните злосторства во текот на војната, пишува „Вечерње новости“.

„Џаферовиќ, кој е познат по тоа што за време на војната им издавал и босански документи на припадниците на озлогласениот одред ’Ел муџахедин‘, се сретнал и бил во координација со иранскиот генерал Сулејмани секаде каде што требало да учествуваат припадниците на ИРГЦ во нападите на српските позиции и во злосторствата над Србите“, тврдат за весникот дипломатски извори во Сараево.

Според наводите на изворите, Сулејмани, лидер на елитниот одред Кудс на ИРГЦ и еден од најмоќните луѓе на Блискиот Исток, и лично усчествувал во граѓанската војна во БиХ во 1993-1994 година, кога и се среќавал со Џаферовиќ, а во мај 1992 година во т.н. Армија на БиХ имал 20 специјалци на иранската војска кои ги напаѓале српските позиции.

Престојот во БиХ Сулејмани го образлагал со својата позната изрека: „Секаде каде на муслиманите им треба помош, јас ќе бидам таму.“

Така ИРГЦ, благодарение на генерал Сулејмани, била првата странска паравоена формација која на почетокот на 1992 година дошла во БиХ и во воените години извршувала злосторства над Србите.

Во текот на војната Сулејмани дошол во БиХ, како што тврдат дипломатски извори, како и останатите припадници на ИРГЦ: преку пристаништето Плоче, а биле стационирани во Какањ, Високо, Травник, Зеница, Фојница и на Игман.

извор: Makfax

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата