Скопјани пијат квалитетна вода

14.01.2020
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Скопјани пијат квалитетна вода

Од Центарот за санитарна контрола информираат дека во Скопје има квалитетна вода за пиење. Како што додаваат, во периодот од 6 до 10 јануари биле земени 111 примероци за физичко-хемиска и 111 примероци за микробиолошка анализа на вода за пиење од 39 мерни места во Градот Скопје. Според добиените резултати од испитувањата, сите примероци одговараат на Правилникот за барања за безбедност и квалитет на водата за пиење.

Скопје со цел подобра информираност на граѓаните на град Скопје, го објавува неделниот извештај за квалитетот и безбедноста на водата за пиење, добиен од анализите спроведени во Секторот за санитарна контрола, кој е всушност прва лабораторија во државата која го акредитира своето работење според стандардот ИСО17025:2018.

извор: Makfax

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата