Неда Арнериќ имала последна желба: Глумицата на братот му оставила во аманет една работа...

14.01.2020
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Неда Арнериќ имала последна желба: Глумицата на братот му оставила во аманет една работа...

Последна желба на Неда Арнериќ (67), која почина во петокот, била да биде погребана тајно, само во присуство на најблиските членови на семејството и пријателите.

Починатата глумица која е пронајдена мр*ва во својот стан во Белград, оставила во аманет да биде кремирана и погребана на Новите гробишта, покрај својата најголема љубов, сопругот Милорад Мештровиќ, кој починал кон крај на 2028 година.

Тоа го потврдува пријателка и колешка на глумицата, Јелена Тинска:

- Познавајќи ја Неда, верувам дека нејзината желба била да биде погребана без публицитет и да биде заедно со својот Миле – вели Тинска и додава дека нејзината пријателка се уморила од животот:

- Боледуваше од депресија. Потпадна во безнадежност, бидејќи многу рано влезе во филскиот свет прескокнувајќи го детството и младоста. Влезе во сериозни години немајќи вистински спомени, кои ги имаме кога живееме некој друг живот. Годините поминуваат, спласнува фасцинантната кариера, се случува да немате доволно улоги и паѓате во депресија – наведува Тинска.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата