Во Белград ПАДНА МАФИЈА ЗА ПРОСТИТУЦИЈА - 22 уапсени, меѓу нив и ПОЛИЦАЈЦИ (ФОТО)

14.01.2020
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Во Белград ПАДНА МАФИЈА ЗА ПРОСТИТУЦИЈА - 22 уапсени, меѓу нив и ПОЛИЦАЈЦИ (ФОТО)

По наредба на Обвинителството за организиран криминал, уапсени се 22 членови на две криминални групи, осомничени за посредување во  проституција на територијата на Белград.

Меѓу уапсените е и еден полицаец вработен во ПО за градот Белград, додека двајца се во бегство.

Во соопштението на обвинителството се вели дека по неколкумесечна предистражна постапка спроведена во соработка со Канцеларијата за борба против организиран криминал, уапсени се членови на две групи на организиран криминал, од кои едната се состои од 16 лица, а другата осум.

Уапсени се Т.Д., Г.С., М.С., П.Д, М.Ј, Ј.Z., Р.Н., С.Н, j.П, К.Д и В.Р, додека двајца биле во бегство.

Втората група се состоеше од осум лица и беа уапсени - М.Т, В.Ш, В.П, Т.Ј, С.Н, М.Р, С.Д. и Т.Х.

Обвинителството тврди дека постојат основи на сомнение дека, од март до крајот на ноември 2019 година, овие организирани криминални групи посредувале во проституција со уредување и обезбедување на сексуални услуги на голем број сексуални корисници во областа на Белград.

Притоа, прибавиле значителна незаконска материјална корист.

Сите се задржани во притвор до 48 часа, и  ќе бидат изведени пред  обвинител за организиран криминал на сослушување.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата