Британска компанија им дава подолг годишен одмор на непушачите

14.01.2020
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Британска компанија им дава подолг годишен одмор на непушачите

Вработените во Агенцијата за вработување во англискиот град Свиндон добија четири дополнителни денови на годишен одмор, под услов да не пушат на работа.

Агенцијата KCJ Training & Employment Solutions, со седиште во Свиндон, сака да ги награди работниците кои не се пушачи наместо да ги казнува пушачите.

Генералниот директор Дон Брајден ја воведе мерката иако е пушач.

„Тоа беше донесено и прифатено од пушачи и од непушачи во компанијата“, вели тој.

„Не дискриминирам никого“, рече тој, додавајќи дека не му пречат паузите за пушење ниту ги тера работниците да престанат да го прават тоа.

„Како и да е, да речеме дека се работи за три паузи за пушење на ден. Тоа е еквивалентно на 16 работни дена и 2 часа годишно ако работниот ден трае осум часа“, ја објаснил Брајден неговата идеја.

извор: Makfax

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата