СКАНДАЛ! Девојката на Аца Лукас тврди ДЕКА ЈА ТЕПАЛ, ИНТЕРВЕНИРАЛА И ПОЛИЦИЈАТА

14.01.2020
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
СКАНДАЛ! Девојката на Аца Лукас тврди ДЕКА ЈА ТЕПАЛ, ИНТЕРВЕНИРАЛА И ПОЛИЦИЈАТА

Вториот ден на Божик, 8 јануари, околу 4:30  наводно Аца Лукас направил скандал во Црна Гора тепајќи ја својата девојка Николија, Нина Лачевиќ  код Подгорица. Според пишувањата на медиумите во Србија, тие двајцата прво почнале вербално да се расправаат по што дошло до физичка пресметка.

Имено, Аца и Нина се гледаат од јануари минатата година само во Црна Гора затоа што на Лачевиќ и е забранет влез во Србија. Овој инцидент се случил по неговоиот настап.

„Не ми е пријатно да зборувам за тоа, но бидејќи Лукас се однесуваше нечовечи ќе ви објаснам за што станува збор. Тој дојде кај мене на почетокот на неделата и бевме заедно на неговиот настап во Никшиќ. Ден откако отидовме во Будва тој исто така имаше настап. Сè беше во ред додека не требаше да оди да настапи.  Не сакаше да настамува па му реков: не можам јас за тебе да пејам. Него го болеше стомакот, а и јас не сакав да одам, но на крај тргнавме. На паузите ми замеруваше дека сум сериозна и дека не гледам во него, вели Нина и раскажува како после настапот почнала кавгата:

„Во бекстејџот, тој ми рече:  Ми го расипа настапот. Јас му одговорив: Што мислеше дека ќе скокам? Ако си навикнал девојките по тебе да трчаат, да те молат јас не сум таква.  Не сакав да ги слушам неговите приговори и отидов да го чекам во автомобил. Кога стигнавме во хотел, рече дека заради такви работи се карал со жена му, и дека не треба тоа да се повторува. Го потсетив дека тој мене ме побара, а не јас него. Се налути, почна да се дере, тогаш ме турна и паднав до креветот. Почнавме да се расправаме и да се удираме еден со друг. Нему почна да му излегува вода низ уста помислив да не има напад на епилепсија сакав да му дадам нешто газирано да се напие. Потоа дојде полиција, а јас во станица реков дека имавме вербална расправија, ми беше жал не сакав да го пријавам затоа што веќе има пријава за насилство. Не сакав да останам повеќе со него па се вратив во Подгорица. И таму отидов на лекарски прегледи, вели Нина

Сепак, на крај се премислила и поднела и пријава.

Тој го заслужи тоа затоа што испадна ѓубре. Немаше потреба тој да се однесува така. Можевме да справиме со сè. Немаше потреба да се тепаме на под и да дојде полиција. Не можам повеќе да ги трпам неговите будалаштини.“ заврши Нина.

Фолк пејачот не сакаше да одговори на овие обвинувања.

„Немам коментар за ова“, кратко изјави Аца Лукас на целата оваа приказна

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата