Нов фаворит за улогата на Бонд

14.01.2020
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Нов фаворит за улогата на Бонд

Џејмс Нортон (34) е новиот фаворит за следниот Џејмс Бонд. Тој во моментот глуми во драмата на Би-би-си, The Trial Of Christine Keeler, а веста ја објави за време на Нова година.

Ловот за новиот Бонд почна во 2016 година кога Даниел Крег (51) призна дека по глумата во „Казино Ројал“ во 2006 година, Бонд се издигнал над него. Тој додаде дека сака да продолжи понатаму како актер.

Во најновиот филм за Бонд „Нема време за умирање“, кој излегува во април, Даниел Крег последен пат го игра шпионот.

По прогласувањето на Џејмс Нортон за главен фаворит за ликот на Бонд, се зголеми рејтингот на актерската екипа. Тој е забележан насекаде, а неодамна на промоцијата на новиот филм „Господин Џонс“ беше ѕвезда на црвениот килим.

извор: Makfax

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата