Британска компанија на непушачите им дава подолг годишен одмор

13.01.2020
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Британска компанија на непушачите им дава подолг годишен одмор

Работници од агенција за вработување во англискиот град Свиндон добиле четири дополнителни денови годишен одмор доколку не пушат на работа.

Агенцијата KCJ Training & Employment Solutions од Свиндон има намера да ги награди работниците што не пушат наместо да ги казнува пушачите.

Генералниот директор Дон Брајден се согласил да ја воведе ова мерката иако е пушач.

„Одлуката е донесена и ја прифатија и пушачите и непушачите во компанијата“, изјавил тој.

„Никој не е дискриминиран“, рекол директорот додавајќи дека не му пречат паузите за пушење ниту, пак, ги присилува работниците да се откажат од ваквата навика.

„Сепак, да речеме дека во просек се прават по три паузи за пушење на ден. Тоа е еднакво на 16 работни дена и 2 часа годишно доколку работниот ден трае осум часа“, објаснил Брајден зборувајќи за својата одлука.

 

извор: Makfax

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата