Грчката влада повлекува плакати против абортусот поставени во атинското метро

13.01.2020
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Грчката влада повлекува плакати против абортусот поставени во атинското метро

Грчката влада нареди повлекување на плакатите од кампањата против абортус на здружението „Дозволете ми да живеам“, поставени во атинското метро, поради незадоволство што се појави во јавноста.

„Врз основа на одлука на Министерството за транспорт и со оглед на реакцијата на јавноста, на компанијата за јавен транспорт и се укажува дека оваа кампања против абортус може да биде штетна за правата на жените и одлучено е истата да се прекине“, се вели во соопштението.

Најголемата опозициска партија „Сириза“, крајната левица и бројни организации за права на жените остро реагираа на оваа, како што ја нарекоа, пропаганда против законските права на жените, а во текот на денот остри ктитики ги преплавија и социјалните мрежи.

Во Грција, како и во повеќето земји од ЕУ, прекинувањето на бременоста е можно до 12-тата недела.

Здружението „Дозволете ми да живеам“, во кое се обединети 19 христијански организации, изминативе години спроведува кампања против абортусот заедно со грчката православна црква.

Минатата година во рамките на кампањата беше воведен и „Ден на нероденото бебе“, кој се одбележува првата недела после Божиќ.

Загрижена за ниската стапка на плодност во Грција, десничарската влада на Киријакос Мицотакис, која ја презеде власта пред шест месеци, вети парична помош до 2.000 евра во готово за секое дете родено во земјата.

 

 

извор: Makfax

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата