Гласини за насилство во семејството ја зап*ли Британија. Принцовите Вилијам и Хари објавиле прва заедничка изјава после скандалот

13.01.2020
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Гласини за насилство во семејството ја зап*ли Британија. Принцовите Вилијам и Хари објавиле прва заедничка изјава после скандалот

Британските медиуми синојќа јавиле дека Принцот Хари од кралското семејство го одалечило “насилничкиот став“ на неговиот постар брат.

Во пресрет на состанокот кој ќе се одржи денеска во Сандригем, на кој за иднината на Хари ќе одлучува кралицата Елизабета. За принцовите Чарлс, Вилијам и самиот Хари, во британските портали се вртат невероватни приказни и сведочења за членовите на оваа кралско семејство.

Најголем дел се однесуваат на принцот Хари и неговата сопруга Меган Меркл, а едно од оговарањата кое предизвикало најголемо внимание е за “насилничкиот став“ на принцот Вилијам поради кое помладиот војвода од Сасекс одлучил да им го сврти грбот на кралското семејство.

Иако во изминатите денови не се огласувале за скандалозните наслови кои се занимаваат си нивниот живот и односите, оваа вест ги потикна браќата да се обратат во јавноста. и тоа заедно.

- И покрај јасното негирање, лажната приказна во која се шпекулира за односот помеѓу војводата од Сасекс и војводата од Кембриџ денеска се прошири и на британските весници – се наведува во соопштението на принцовите, пренесува Дејли мејл.

– Браќа, на кои искрено им е до сите теми кои се однесуваат на менталното здравје, употреба на запалив говор на ваков начин е навредливо и потенцијално штетно.

 

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата