“Вакво нешто никогаш не сум доживеал“: Миле Китиќ се огласил после шокантниот напад кој го доживеал на настапот (фото/видео)

13.01.2020
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
“Вакво нешто никогаш не сум доживеал“: Миле Китиќ се огласил после шокантниот напад кој го доживеал на настапот (фото/видео)

Популарниот фолкер открил за јавноста, порадио што непознат мажот удирал на него во петокот вечерта.

За јавноста непознат маж му се доближил на пеачот, го повлекол од бина и паднал преку него, притоа веднаш реагирало неговото обезбедување. Снимката од овој немил настан ги преплави социјалните мрежи а пеачот во својата прва изјава после инцидентот објаснил што поточно се случило.

- Пеам скоро 48 години, и никогаш во живото и најмала непријатност не сум имал, се до сега... Јас сум искусен, штом забележам дека некој е ваков или онаков, и дека се обидува нешто, јас не приоѓам... раскажал Миле и продолжил: - Во петокот навечер пеев во Базел, дојде еден гостин и ми вели: “Може ли таа и таа песна“? , јас му велем: “Причекај брате, неможам на сред песна да прекинам и да пеам друга песна“. Не ми покажуваше никакви знаци дека е агресивен... Ме фати за ракав и ме повлече долу, имаше неколку скали каде што се сплеткав и паднав... Веднаш рипна обезбедувањето и го тргнаа од мене, истиот момент го изнесоа. Немаше ударање, но навистина беше лоша слика, на снимката тоа делува така. Верувајте ми, да забележав дека е агресивен, дека ме пцуе, ме гледа, веднаш ќе го повикав обезбедувањето, но ништо не укажуваше на тоа што подоцна ми се случи.

- Беше и неговата сопруга која почна да вика и да плаче... хаос! Телефонот постојано ми ѕвони, сите се потресени, особено мојата Марта која ја видела снимката, и незнаеше што во суштина се случуваше – завршува Миле и вели дека нема никакви повреди и дека немало потреба од лекарска помош, туку продолжил со својот настап.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата