На 12.01.2020 во Полициската станица Чаир, Б.Д.(53) од Скопје пријавил дека на 11.01.2020 околу 18:30 часот настанал пожар во неговото патничко возило „опел астра“, кое било паркирано пред неговата куќа на ул.„Скоевска“. Пожарот бил изгаснат од екипа на Бригадата за противпожарна заштита Скопје, а повредени лица нема. Извршен е увид.
На 13.01.2020 во 01: 35 часот во СВР Скопје било пријавено дека на ул.„Атанас Иљоски“ настанал пожар во патничко возило „хјундаи И20“, со скопски регистарски ознаки, сопственост на К.П.(49) од Скопје. Пожарот бил изгаснат од Бригадата за противпожарна заштита Скопје, а повредени лица нема. Извршен е увид.