На автобус во среде возење МУ ИСПАДНАА ТРКАЛАТА, другите возачи гледаат во чудо (ФОТО)

13.01.2020
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
На автобус во среде возење МУ ИСПАДНАА ТРКАЛАТА, другите возачи гледаат во чудо (ФОТО)

На магистралниот пат Прокупље - Ниш, рано утрово, на автобус што се движел кон Ниш му испаднале тркалата во среде возење и се разлетале по патот.

За среќа, нема повредени и не е направена поголема материјална штета, но она што го привлече вниманието на сите беа тркалата што постојано се тркалаа по патот.

- Поради делумно магливиот, лизгав пат, сите возеа полека, што е среќа во овој случај. Во еден момент како во филм, забележав тркало во спротивна насока со мојата. Не можев да им верувам на очите. Во моментот се прашував каде е возилото - се шегуваше Прокупљанин кој во тоа време возел на патот.

Како што вели, само по околу стотина метри го забележал автобусот.

Засега не е позната причината за несреќата, но возачот успеал да го запре автобусот.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата