Бектеши: Со Законот за стратешки инвестиции се отвора можност за голем инвестициски циклус

13.01.2020
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Бектеши: Со Законот за стратешки инвестиции се отвора можност за голем инвестициски циклус

Министерот за економија Крешник Бектеши денеска на прес конференција го образложи новиот Закон за стартешки инвестиции. Тој рече дека овој Закон е во согласност со регулативата на Европската унија за вакви инвестиции и е доставен во Собранието со европско знаменце.

„Целта на овој Закон за стратешки инвестиции кој за прв пат од ваков тип се носи во земјава е да поттикне, привлекува и создава услови за спроведување на стратешките инвестиции во Република Северна Македонија, економски раст, вработување и примена на нови технологии и иновации, зголемување на конкурентските економски можности на земјата , зголемување на извозот и намалување на трговскиот дефицит и подобрување на добросостојбата и условите за живеење на граѓаните на Република Северна Македонија. Со овој закон се отвара можност за голем инвестициски циклус во државата, не само на државно, туку и на локално ниво и сето тоа со поддршка директно од државата бидејќи Стратешкиот инвестиционен проект може да користи државна помош согласно Законот за контрола на државната помош, истакна Бектеши.

За стратешки инвестициски проекти, како што образложи министерот ќе се сметаат проекти со кои се врши реализација на инвестиција во висина од најмалку 100 милиони евра на територија на Република Северна Македонија, најмалку 50 милиони евра во општините со седиште во град, општините во Градот Скопје и Градот Скопје, и најмалку 30 милиони евра во општини со седиште во село.

„Она што исто така е важно е дека предложените стратешки инвестиции, кои на предлог на Владата ќе ги усвојува Собранието на Северна Македонија, мора да бидат усогласени со стандардите за животна средина утврдени во законите на земјата и тоа за проекти за енергетиката со инфраструктурата, транспорт и телекомуникации,туризам,преработувачка индустрија, земјоделство, шумарство и водостопанство; прехранбена индустрија, здравство, индустриски и технолошки паркови, управување со отпадни води и отпад, информатичко-технолошки зони, спорт, наука и образование, како и за градење на големи мултифункционални градежни комплекси на градежни објекти кои имаат во својот состав повеќе од една од наведените области.

Кој проект ќе биде стратешки инвестиционен проект ќе одлучи Комисија која треба да биде формирана десет дена по донесување на овој Закон. Комисијата ќе биде составена од 9 членови од Владата и министерствата и три привремени членови од министерствата во чија надлежност е проектот, од општината и од регулаторното тело. Владата до крајот на годината треба да објави јавен повик на кој сите заинтересирани инвеститори ќе можат да аплицираат со проекти кои согласно условите во јавниот повик ќе се сметаат за стратешки.

“Во апликацијата за стратешки инвестициски проект меѓу другото инвеститорот треба да достави: инвестициски бизнис план или студија за изводливост за јавни стратешки проекти, детално портфолио на субјектот што инвестира,референтна листа од искуства на инвеститорот во слични проекти,опис на начинот и изворите на финансирање на проектот, доказ за финансиска способност за остварување на стратешкиот инвестиционен проект, годишни сметки,банкарска гаранција,потврда дека не е отворена стечајна или ликвидациона постапка. Ако предлог проектот ги исполнува сите услови од јавниот оглас тогаш Владата донесува одлука за утврдување статус на стратешки инвестиционен проект и склучува Договор за стратешки инвестиционен проект во кој е утрдена динамиката за неговата реализација, информираше Бектеши.

И потенцираше дека за спроведувањето на овој закон како и постапка за стекнување на статус стратешки инвестиционен проект, од страна на сите страни, ќе се спроведува на фер, транспарентен и недискриминаторен начин, со активно учесто на стручната и поширока јавност.

извор: Makfax

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата