Почина Алсин Левент кој ја предизвика сообраќајката ВО КОЈА ЗАГИНА ШАБАН ШАУЛИЌ

13.01.2020
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Почина Алсин Левент кој ја предизвика сообраќајката ВО КОЈА ЗАГИНА ШАБАН ШАУЛИЌ

Почина Алсин Левент, Турчинот кој ја предизвика сообраќајната несреќа во која загина Шабан Шаулиќ и неговиот колега Мирсад Кериќ, пренесоа српските медиуми.

Смртта на триесет и петгодишниот Алсин Левент не почна судењето за случајот со сообраќајната несреќа во која загина славниот пејач. Сепак се уште не е позната причината за смртта на лицето кое ја предизвика фаталната несреќа. Според неговиот адвокат, турскиот државјанин добивал смртни закани.

Левент бил пуштен од притвор и исчезнал од градот Гитерсло каде до неодамна и живеел.

Тој се товари за невнимателно возење кое усмрти две лица. Со оглед на тоа дека возел под дејство на алкохол нема сомнеж дека повторно ќе се најде зад решетки. Анализите од обдукцијата не укажуваат на тоа дека Шаулиќ, кој бил на совозачкото седиште, и Кериќ кој бил возач, не биле врзани со појас.

Левент, според локалните медиуми, возел пијан и под дејство на дрога речиси двојно повеќе од максимално дозволената брзина.

Во мај, Турчин беше ослободен од претходна постапка. Тој изјавил дека живеел во градот Гистерлох (во провинцијата Северна Рајна-Вестфалија). Мажот немал регистрација на адреса и оттаму неговите траги биле изгубени.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата