Јани Бојаџи: За насилници сум прост, примитивен, небањат и со влакна во сите 5 сетила!

12.01.2020
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Јани Бојаџи: За насилници сум прост, примитивен, небањат и со влакна во сите 5 сетила!

По заканите од Емил Јакимовски кон главната уредничка на Тв Алфа Искра Коровешовска, свое мислење даде и дирекорот на телевизијата Јани Бојаџи, целосно застанувајќи во одбрана на уредничката. Неговиот статус ви го пренесуваме во целост:

- Значи вака, го осудувам секој вид на притисок и влијание врз новинари, а за закани и насилство недај Боже, не сакам ниту да зборувам! Деновиве извесен Емил Ј. кој е новинар по професија се заканувал на новинарот Мери Јордановска и на градоначалникот на Кавадарци Митко Јанчев. И со право медиумите реагираат жестоко, како што реагираше и Телевизија Алфа! Но, нашиот главен и одговорен уредник Д-р Искра Коровешовска од истото тоа лице Емил Ј. е цел на навреди и закани со недели! И, сите вие загрижени за слободата на говорот не реагирате затоа што уредниците и репортерите на Алфа не се дел од отровната пропаганда на ``Кавијар Левицата`` во Македонија и нивните подопашници - таканаречени слободни медиуми и слободни новинари. Од нив не слушнавме ниту збор осуда или одбрана на главниот и одговорен уредник на Алфа Телевизија, затоа што истото тоа лице Емил Ј. замислете било од ВМРО-ска проеминенција! Многу фино!

Драги мои ВМРО-вци, како сакате разберете го ова, но немојте да ви паѓа ниту на крај на паметот да напаѓате некого затоа што ви застанал на патот на остварувањето на вашите лични амбиции и да очекувате Алфа да ве брани или да ве премолчува! Гајле ми е за вашите амбиции. Јас сум тука да се грижам за амбициите на Алфа Телевизија а тие не се исти не само со амбициите на црвената буржуазија ``закукулена`` во СДСМ туку и со амбициите на портокаловата буржуазија ``замумулена`` во ВМРО! И сосема за крај. Сите вие што во овие пред нас многу важни изборни денови ќе се обидете на било каков начин, заради било што и било како да правите притисок или не дај Боже да се заканувате на уредниците и репортерите на Алфа Телевизија, мора да ви кажам нешто многу искрено: јас не припаѓам на ВМРО Мач Малоу, ВМРО Кенди Краш, ВМРО Кики Бонбони и ВМРО Чоко Банана! Кога ќе направите нешто насилно, да имате во предвид дека за насилници сум прост, примитивен, небањат и со влакна во сите 5 сетила! И откако ќе ги исцрпам сите цивилизациски средства за разговор не се плашам да реагирам согласно погоренапишаните карактеристики и особини!

Се најдобро,
Јани Бојаџи, Главен извршен директор на Алфа Телевизија

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата