Салвини го бара златото назад: “Тоа е сопственост на италијанскиот народ“

12.02.2019
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Салвини го бара златото назад: “Тоа е сопственост на италијанскиот народ“

Заменик премиер на Италија Матео Салвини сака да ги земе италијанските златните резерви од Централната банка во Брисел.

Во текот на изминатата недела, потпретседателот на италијанската влада и министер за внатрешни работи повикал на исфрлање на раководството на италијанската Централна банка бидејќи не успеале да ја спречат банкарската криза во земјата.

Салвини, кој исто така е на чело на десничарската партија Лега, повикал на преземање контрола над италијанските златни резерви далеку од централната банка на земјата.

“Златото е во сопственост на италијанскиот народ, а не било кој друг“, нагласил Салвини.

Коментари следеле откако тој инсистирал управата на италијанската банка “целосно да се исчисти“ бидејќи не успеале да ја спречат банкарската криза во земјата. Тој додал дека “преварантите“ кои не биле подвргнати под надзор “треба да завршат во затвор на подолго време“

Таа изјава следела откако извештај во италијанскиот лист Ла Стампа, во кој се тврди дека коалиционата влада, која ја формирал партијата на Салвини и движењето “Пет ѕвезди“, сакала да продаде од резервите на Централната банка во Италија за финансирање на дополнителни државни трошења и избегнување на планираното зголемување на БДП до 2020 година.

Салвини рекол дека се уште детално не ја проучил опцијата, но додал дека “тоа може да биде интересна идеа“.

Клаудио Борџи, близок економски советник на Салвини, повикал на усвојување на закон за кој рекол дека италијанската држава, а не Централната банка на Италија да биде призната како краен сопственик на златните резервиа на земјата.

“Никој не сака тоа да продава, во суштина спротивно, ние сакаме другите да ги држиме подалеку од златото“, напишал Борџи на Твитер.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата