Милошоски очекува петта принова

Љубовта прави чуда, и во семејството и во политиката

12.01.2020
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Љубовта прави чуда, и во семејството и во политиката

Пратеникот и поранешен министер за надворешни работи Антонио Милошоски (44) и неговата неколку години помлада сопруга Симона, наскоро очекуваат уште една принова во семејството. Во собраниските кулоари се прошири информацијата дека Милошоски пред празниците веќе ги почестил со “Бајадера дел од поблиските колеги со кои ја споделил убавата вест дека по петти пат ќе стане татко.

Вечер.мк го контактираше пратеникот и тој ни ја потврди веста дека неговата сопруга Симона Милошоска е бремена и дека во текот на пролетта очекуваат бебенце.

Нивните ќерки Дариа (4), Михаела (2), Илина (1), како и поголемиот син Давид (12), овој пат ќе добијат братче.

"Сите сме возбудени и радосни, се надеваме на лесна бременост и пожелуваме вакви убави вести во секое семејство", ни изјави Милошоски.

На прашањето дали веќе одбрале име Антонио рече дека за него е доволно презимето, а името на бебенцето ќе биде по избор на мама Симона.

Милошоски вели дека организациски се подготвени за новиот член на семејството.

Со раѓањето на петтото дете, Антонио Милошоски ќе стане првиот македонски политичар кој има многудетно семејство, во вистинска смисла на зборот. Досега заеднички го делеа рекордот со Влатко Ѓорчев, кој со сопругата Сузана, има 4 деца: Марта, Филип, Никола и Катерина.

Другарите и другарките на Давид на шега велат дека секое летенце, Милошоски добиваат детенце.  

 

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата