“Среќна сум што немам свое дете“ Неда Арнериќ искрено зборувала за причината поради која не жали што не се реализирала како мајка

11.01.2020
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
“Среќна сум што немам свое дете“ Неда Арнериќ искрено зборувала за причината поради која не жали што не се реализирала како мајка

Иако ретко зборувала за детели од личниот живот, Неда Арнериќ неколку месеци пред смрта раскажала дека е многу врзана за децата на својот брат, но дека никогаш не тагувала што нема свои наследници.

Во интревју во октомври 2019 година кое го дала за еден магазин, Неда раскажала дека не се жали што не се реализирала како мајка.

- Колку и да сакав да имам свое дете, без малку среќна сум што го немам. Одгледување на здраво дете во вакви нездрави услови навистина е голема одговорност. Ништо не ми се допаѓа во 21. век, и добро е што во него влегов без деца – изјавила Неда.

Како што тогаш изјавила, книгите и се најголема љубов и животна храна. Го цитирала унгарскиот писател Бела Хамваш и навела дека постојат бракови од љубов и страсти, но и оние од интерес.

- Јас би додала дека во животот треба да создавате брак од интеррес, никако од страсти. Доста пресметано, со потребни лаги и мали изневерувања. За да трае што подолго – изјавила Неда пред три месеци.

Славната глумица Неда Арнериќ почина вчера во 67 година од животот.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата