Безживотното тело изнесено преку гаража: Погребално и полиција на лице место, владеела мртва тишина (фото)

11.01.2020
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Безживотното тело изнесено преку гаража: Погребално и полиција на лице место, владеела мртва тишина (фото)

Славната глумица Нерда Арнериќ (67) пронајдена е мртва во својот стан. Екипа на Брза помош и полицијата се наоѓале пред зградата во која глумицата живеела, додека соседите биле во шок по веста дека Неда повеќе ја нема.

После извршениот увид пред зградата во која живеела познатата глумица дошле од погрбалното претпријатие и полицијата каде што го префрлиле телото на глумицата од станот во кој починала. Телото било изнесено преку гаражите на зградата.

Соседите што се затекнале пред зградата раскажале дека се во шок и дека биле погодени од веста за смртта на познатата глумица.

- Во шок сум, Неда вчера изгледаше одлично, неможам да поверувам дека сега е мртва.

Нејзиното тело во станот го пронашол нејзиниот брат Предраг кој дошол да ја посети. Откако глумицата не одговорила, нејзиниот брат повикал бравар, при што влегле во станот и ја пронашле покојната во трпезарија како лежи. На лице место веднаш пристигнала екипа на брза помош, која констатирала смрт на познатата глумица, како и полиција која разговарала со братот на Неда. Неда Арнериќ родена е 15 јули 1953 година во Књажевац. Таа ќе биде запаметена како секс-симбол и огромна популарност која стекна играјќи во многубројни филмови во целата нејзина кариера.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата