На полициското сослушување синоќа директорот на ЈП Инфраструктура на српски железници, Мирољуб Јевтиќ го признал кривичното дело примање мито и открил уште пошокантна работа.

Според информации на Српски Телеграф од истрагата, Јевтиќ на сослушувањето открил:

- Јас за себе чував мал дел од парите, а најголемиот дел им го дадов на министерката Зорана Михајловиќ и нејзиниот сопруг бизнисмен Владимир Атанаковиќ, на рака.

Јевитиќ со министерката Зорана Михајловиќ. фото: Танјуг

Имено, полицијата го уапси М.Ј (. (59) ВД Директор на јавно претпријатие „Инфраструктура на српски железници“, Д.Б. (50) член на Надзорниот одбор на стопанското друштво “Ратко Митровиќ“ од Нови Сад, како и двајца адвокати на Нови Сад З.С. (37) и В.К (47).

Директорот на српската железничка инфраструктура, призна дека добил мито од 10.000 евра од медијаторот Д. Б. во службените простории на српската компанија за инфраструктура за железници како награда за коруптивни дејствија во процесот на експропријација на земјиште на трасата на планираната изградба на брза пруга.

Најчитани вести